• сабота, 22 февруари 2025

Претставници од Амбасадата на САД во посета на Бигорски манастир

Претставници од Амбасадата на САД во посета на Бигорски манастир

Дебар, 31 јануари 2025 (МИА) - Во посета на Свештената бигорска обител денеска беа претставници од Амбасадата на САД во земјава,  Зеус Севила и  Митко Бурчевски.

-Гостите имаа официјален прием кај игуменот на манастирот, неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, во присуство на архимандритите Доситеј и Кирил, информираа од Бигорски манастир.

На средбата, се посочува, било разговарано за актуелните состојби во манастирот, манастирскиот живот и неговото значење како духовен и културен центар. 

Ценетите гости се запознале со дел од историјата на Обителта и нејзината улога во духовниот живот на регионот. вт/вг/


Фото: Бигорски манастир

Остани поврзан