• четврток, 04 декември 2025

Превентивна акција за безбеден сообраќај во Делчево

Превентивна акција за безбеден сообраќај во Делчево

Делчево, 30 ноември 2025 (МИА) – Полициските службеници од Отсекот за превенција и униформираните полициски службеници при Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево денеска спроведоа превентивна активност под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“.

Во рамки на акцијата, на возачите им беа поделени информативни летоци со совети за задолжително користење на зимска опрема. Целта на активноста беше да се потсетат граѓаните дека во периодот од 15 ноември 2025 до 15 март 2026 година е задолжително поседување и носење зимска опрема во возилата, како и правилна примена при зимски услови.

Полициските службеници укажаа дека зимскиот период носи зголемени ризици за учесниците во сообраќајот – лизгави коловози поради снег, мраз или голомразица, намалена видливост поради магла или врнежи, како и зголемена заморливост кај возачите.

На граѓаните им беше потенцирано и дека задолжително мора да се користи сигурносен појас, а возилата да бидат технички исправни. Воедно, тие беа предупредени дека доколку консумираат алкохол, не смеат да управуваат моторно возило.

Од полицијата порачуваат дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност и дека само преку одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот може да се изгради повисока сообраќајна култура и безбедна средина за движење. вс/вј/

Фото: ПС Делчево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан