Почна реконструкцијата на улица „Пиринска“ во Крива Паланка
- Во Крива Паланка почнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Пиринска", спој од главната улица „Св.Јоаким Осоговски" со населбата Единство.

Крива Паланка, 13 февруари 2025 (МИА) - Во Крива Паланка почнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Пиринска", спој од главната улица „Св.Јоаким Осоговски" со населбата Единство.
Градончалникот на Општина Крива Паланка,Сашко Митовски, денеска изврши увид во градежните активности за реализација на проектот со кој се реализира втора фаза за реконструкција на улица „Пиринска“ - пристапен пат до поранешен Ловечки дом.
- За жителите на населбата Единство овозможуваме подобри услови преку подобрување на патната инфраструктура. Вложуваме 1.800.000 денари, финасиски средства од буџетот на Општина Крива Паланка, Програма за поддршка на имплементација на декада на Ромите и Министерство за транспорт и врски. Како и во изминатиот период, и во претстојниот продолжуваме со силната динамика на реализација на градежни работи во општината, рече Митовски.
Со реализација на овој проект, улицата „Пиринска“’ целосно ќе биде реконструирана, ќе добие нов лик и подобра функционалност, со што се решава долгогодишен проблем на граѓаните од овој дел на Крива Паланка, во најголем дел од ромска националност.
Реконструкцијата на улица „Пиринска“ се одвива во две фази од кои првата, за еконструкција и рехабилитација на дел од улицата, од поранешен Ловечки дом до м.в. Радевска маала е завршена, а тековно се врши реконструкција на патот со нивелирање на постоечките шахти и гребење и асфалтирање на пристапната улица до Ловечки дом во должина од 324 метри.
Динамиката за изведба на проектот ќе се одвива согласно временските услови, а рокот за реализација е три месеци.ид/са/
Фото: Општина Крива Паланка