Потпишан Договор за аеропрочистувачи, ќе бидат донирани во болници, градинки, училишта,...
- Владата денеска потпиша Договор со компанијата ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје за донација на 255 уреди за прочистување за чист воздух во вредност од еден милион евра.

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Владата денеска потпиша Договор со компанијата ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје за донација на 255 уреди за прочистување за чист воздух во вредност од еден милион евра.
Како што беше истакнато на церемонијата на потпишување, предвидено е овие уреди да бидат распределени во болници, градинки, училишта и други јавни установи, каде квалитетот на воздухот е од клучно значење.
Компанијата ЕКОТИП Македонија е лидер во областа на аерофилтрацијата, а во соработка со MANN+HUMMEL, обезбеди значајна донација од напредни системи од овој реномиран германски производител за прочистување на воздухот во вредност од милион евра.
Договорот за аеропрочистувачите го потпишаа владиниот генерален секретар Игор Јанушев и менаџментот на компанијата, а детали во моментов на прес-конференција соопштуваат портпаролката Марија Митева и претставник на ЕКОТИП. мч/ев/
фото: МИА