• сабота, 22 февруари 2025

Пожарникарите од Кавадарци лани имале 389 интервенции 

Пожарникарите од Кавадарци лани имале 389 интервенции 

Кавадарци, 7 февруари 2025 (МИА) - Пожарникарите од Кавадарци лани имале 389 интервенции. Од нив, во 28 случаи гаснеле пожари во внатрешен простор, а во 182, на отворено, имале 21 интервенции при запалени оџаци, 54 интервенции при запалени контејнери за ѓубре и 104 технички интервенции. Се интервенирало и надвор од општината. Овие податоци се дел од извештајот на Територијалната противпожарна единица, што беше едногласно усвоен на денешната седница на Советот на Општина Кавадарци. 

- Генерална забелешка е дека работата на противпожарната единица во 2024 година е на високо професионално ниво, пишува во извештајот, потпишан од командирот Александар Чадамов. свд/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан