• петок, 05 декември 2025

Подобрени услови за престој на најмладите во детската градинка „Росица“ во Охрид

Подобрени услови за престој на најмладите во детската градинка „Росица“ во Охрид

Охрид, 6 ноември 2025 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска ја посети детската градинка „Росица“, каде во тек се реконструктивни зафати за подобрување на условите за згрижување на деца во објектот.

Изминатиот период е извршена ‎реконструкција на подовите во занималните и холот на објектот, целосно молерисување во сите занимални, ходници и хол, а поставени се и нови плакари за детските креветчиња во сите занимални. Во тек е реконструкција на санитарните јазли.

„Создавањето подобри и побезбедни услови за нашите деца е еден од моите највисоки приоритети. ‎И понатаму ќе продолжиме со вакви инвестиции, со цел да обезбедиме подобри услови за згрижување на најмладите“, истакна Пецаков. аб/дма/

Фото: Општина Охрид

 

Остани поврзан