• петок, 13 март 2026

Педесеттина повредени во ирански ракетен напад врз населба во северениот дел на Израел

Педесеттина повредени во ирански ракетен напад врз населба во северениот дел на Израел

Тел Авив, 13 март 2026 (МИА) – Петдесет и осум лица се повредени во ирански ракетен напад врз арапскa населба во северниот дел на Израел.

Како што соопштија израелските власти, една жена се здобила со умерени повреди од шрапнел, додека останатите се со полесни повреди предизвикани од искршено стакло.

Израелската полиција појасни дека иранската ракета паднала во близина на станбена зграда во населбата Зарзир, во близина на Назарет.

Снимките што ги објавија израелските безбедносни сили покажуваат тешко оштетена зграда, уништено возило и мртво ждребе...Противпожарните служби соопштуваат за сериозни оштетувања на повеќе објекти. аб/сд

фото/МИА архива

Остани поврзан