Пешевски: На турнирот во Швајцарија резултатите не се во прв план, ќе се фокусираме на нашата игра
- Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во Швајцарија, каде вечер од 20:30 часот против Бахреиин ќе го има првиот натпревар на „Жолтиот куп“.
Винтертур, 8 јануари 2026 (МИА) - Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во Швајцарија, каде вечер од 20:30 часот против Бахреиин ќе го има првиот натпревар на „Жолтиот куп“.
За очекувањата на овој турнир зборуваше пивотменот Жарко Пешевски.
- Овој турнир е составен од репрезентации кои ги респектираме многу. Натпреварите ќе ни користат да се подготвиме за Европското првенство. Резултати не се важни, фокусот ќе биде ставен на нашата игра. Целта ни е да го отстраниме недостатоците штио ги имавме и во иднина да бидеме подобри, изјави Пешевски.
На турнирот ќе играат и Украина, како и домашната швајцарска репрезентација. зс/
Фото: МИА