• петок, 05 декември 2025

Песков: Судирот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги оствари своите цели

Песков: Судирот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги оствари своите цели

Москва, 10 ноември 2025 (МИА) – Судирот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги оствари целите што беа поставени за време на Специјалната воена операција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Се разбира, би сакале овој судир да заврши што е можно побрзо, а може да заврши кога Русија ќе ги постигне целите што првично си ги постави. Повеќе би сакале да го решиме овој судир со политички и дипломатски средства. За тоа повеќепати сме зборувале, и руската страна останува отворена за овој пат, изјави Песков.

Тој додаде дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение во Украина и оти ситуацијата е во ќорсокак, не по нејзина вина.

- Европејците ги поттикнуваат на сите можни начини, во уверување дека Украина може да го добие војната и да ги обезбеди своите интереси со воени средства, истакна Песков.

Според него, „уверувањето дека Украина може да победи на бојното поле претставува длабока заблуда“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан