• недела, 11 јануари 2026

Папата Лав Шеснаесетти ги повика кардиналите на дводневен собир на почетокот на јануари

Папата Лав Шеснаесетти ги повика кардиналите на дводневен собир на почетокот на јануари

Рим, 20 декември 2025 (МИА) – Папата Лав Шеснаесетти ги повика кардиналите на дводневен собир на почетокот на јануари следната година во Рим, за да му помогнат во управувањето со Црквата, соопшти денеска Ватикан.

Конзисториумот, односно официјалниот состанок на Кардиналскиот колегиум, ќе се одржи на 7 и 8 јануари, веднаш по завршувањето на 2025 година на 6 јануари, Светата година за Католичката црква, која се одбележува на секои 25 години.

Како што соопшти Ватикан, првиот конзисториум на папата Лав ќе биде ориентиран кон давање поддршка и совети на поглаварот на Римокатоличката црква. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан