Пад на увозот и на извозот во 2024 година, трговскиот дефицит 3,28 милијарди евра
- Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 7 781.2 милиони евра и бележи пад од 6.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, е 11 062.4 милиони евра, што е за 0.8 % помалку од 2023 година. Трговскиот дефицит изнесува 3 281.2 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Скопје, 6 февруари 2025 (МИА) - Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 7 781.2 милиони евра и бележи пад од 6.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, е 11 062.4 милиони евра, што е за 0.8 % помалку од 2023 година. Трговскиот дефицит изнесува 3 281.2 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 70.3 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.са/
Фото: МИА архива