• петок, 21 февруари 2025

„Охридски комуналец“ врши распределба на корпи за примарна селекција на комунален отпад

„Охридски комуналец“ врши распределба на корпи за примарна селекција на комунален отпад

Охрид, 11 февруари 2025 (МИА) – Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ продолжува со активностите за распределување пластични корпи за примарна селекција на комунален отпад, за домаќинствата од населбата „Црногорци“.

Станува збор за 120-литарски корпи за отпадоци наменети за домаќинствата од улиците „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска” и „Железничка”, чија дистрибуција ќе започне утре и ќе трае се до в сабота.

Од „Охридски комуналец“ појаснуваат дека доколку корисниците од односните улици не бидат затекнати во нивните домови, предвидените корпи ќе треба да си ги подигнат од работната единица „Механизација“ на јавното претпријатие што се наоѓа на улицата „АСНОМ“. Тоа ќе можат да го сторат во работните денови во периодот од осум до 13 часот, притоа да поседуваат документ за лична идентификација и сметка.

Распределбата на посебни садови за депонирање на селектиран отпад поќна во декември минатата година, кога за корисници од тој дел на Охрид беа поделени 1200 корпи за отпадоци. аб/дма/

фото: „Охридски комуналец“

Остани поврзан