• вторник, 20 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Отстранети 550 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини

Отстранети 550 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Од почетокот на месецот април, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле вкупно 550 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини.

-Во истиот период, Еко-патролата на Претпријатието изготви 11 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површин, соопштија од претпријатието.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје преку секојдневно рачно и машинско метење и миење продолжува да ја одржува хигиената на булеварите и улиците што се под надлежност на Градот Скопје, како и чистотата на плоштадот и улицата „Македонија“, пешачките мостови во централното градско подрачје, кејот „13 Ноември“ и реонот на Старата скопска чаршија. дма/sa/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје 

Остани поврзан