• сабота, 06 декември 2025

Штипската улица „Сане Ѓоргиев“ со нова подземна инфраструктура и асфалтирана

Штипската улица „Сане Ѓоргиев“ со нова подземна инфраструктура и асфалтирана

Штип, 19 мај 2025 (МИА) – Штипската улица „Сане Ѓоргиев“ е проширена и асфалтирани, дополнително на барање на граѓаните се направија и нови паркинг места, бидејќи на оваа улица се наоѓа и државниот Архив и е во централното градско подрачје, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека на оваа улица претходно екипите на ЈП „Исар“ работеа на подземната инфраструктура, а во периодот кој следи ќе биде и тротоарски уредена. Инвестицијата на Општина Штип е во износ од 2,5 милиони денари.

-Дополнително околу државниот Архив се направи проширување на улицата и можност за повеќе паркинг позиции, имајќи предвид дека оваа улица е во централното градско подрачје. Тесна конфигурација, на барање на жителите ја направивме оваа интервенција преку ЈП „Стипион“, рече Јорданов.

Штипскиот градоначалник најави дека по завршување на оваа улица, ќе се продолжи со градежжни активности на улицата „Пиринска“, каде исто така претходниот период се работеше на водоводната и канализациона мрежа. Предвидено е и оваа улица да биде асфалтира и да добие ново тротоарско уредување.

Прашан како помина Фестивалот за улична храна на шеталиштето „Ванчо Прќе“, Јорданов со оценка дека изминатиот викенд Штип беше центар на случувањата.

-Бев позитивно изненаден од реакцијата, од вниманието и односот на сите чинители, се продадоа илјадници оброка. Од догодина ќе влеземе поорганизарано со повеќе угостители кои ќе земат учество на овој настан. Освен во Скопје, втор град во кој се организара овој фестивал е во Штип, изјави Јорданов.

Тој истакна дека подготовките во наредниот период се насочени кон организирање на Д Фестивал, настан кој исто така за првпат годинава се организира во Штип под отворено небо.

-Оваа недела ќе имаме прес конференција со најава на програмата, на изведувачите кои ќе бидат дел од „The festival“, Денови на модата, ги имаме Пастрмалијадата. Штип прераснува како еден центар во истокот, како втор главен град во нашата држава по многу аспекти. По однос на манифестациите ретко кој град може да се пофали со толкав број на настани и манифестации во една година, вели Јорданов.

Според Јорданов сите настани и фестивали кои се организираат за прв пат во Штип се со тенденција да прераснат во традиција. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан