• четврток, 04 декември 2025

Починат маж најден во стан во Велес

Починат маж најден во стан во Велес

Велес, 19 мај 2025 (МИА) - Педесет и четиригодишниот Б.Ќ од Велес вчера бил пронајден починат во домот каде привремено престојувал во овој град. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство,информираат попладнево  од СВР Велес.

Од таму појаснија дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне во 17:00 часот и увид бил извршен од нивна екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. ад/сст/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан