• петок, 21 февруари 2025

Општина Штип годинава ќе достави речиси 18.000 решенија за данок на имот

Општина Штип годинава ќе достави речиси 18.000 решенија за данок на имот

Штип, 18 февруари 2025 (МИА) – Општина Штип почна со доставата на решенија за данок на имот на речиси 18.000 домаќинства.

Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип денеска изјави дека Општината очекува да собере околу 60 милиони денари од данокот за имот за тековната година. Со парите кои Општината ги собира по основ на данок на имот се инвестира во капитални проекти, инфраструктура, патишта, улици, булевари и слично.

-Општина Штип започна со достава на решенијата за данок на имот за 2025 година, ќе се достават 17.900 решенија за физички лица и 437 решенија за правни лица. Вкупно општината очекува од данок на имот оваа година да собере околу 60 милиони денари, изјави Каров.

Тој додаде дека тече и процесот за ажурирање на податоците на граѓаните. Ова се прави на шалтерите во самата опшина. Дополнително се апелира граѓаните да оставаат и свои е-маил адреси со што наредната година наместо на домашна адреса решението за данок на имот да пристигне по електронски пат.

-Во однос на ажурирањето на податоци, процесот кој го започнавме од оваа година ги повикувам граѓаните во текот на 2025 година да ги ажурираат своите податоци на шалтерите во општината и да достават меил адреси, како во 2026 година би преминала кон достава на решенијата на маил и би се олеснила и работата на општината и доставата на решенијата, вели Каров.

Праксата од претходните години покажува дека даночните обврзници од година во година се подобруваат, а заклучно со 15 ноември годинава треба да биде платен данокот на имот. вдј/мд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан