Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители
- Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година.

Струмица, 3 февруари 2025 (МИА) - Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година.
Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или кои освен што влегуваат во категоријата самохрани родители или носители на згрижувачко семејство се невработени лица кои живеат на територијата на oпштина Струмица.
Повикот заедно со пријавата се објавени на општинската веб страница со сите дополнителни информации, а е отворен 10 денови од денот на објавувањето, односно до 12 февруари.рт/са/
Фото: Општина Струмица