• недела, 11 јануари 2026

Општина Крива Паланка ќе додели по 15.000 денари за секое семејство со новороденче

Општина Крива Паланка ќе додели по 15.000 денари за секое семејство со новороденче

Крива Паланка, 7 јануари 2026 ( МИА) - Општина Крива Паланка ќе додели еднократна парична помош во висина од 15.000 денари за секое семејство што ќе добие принова во 2026 година.

Од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка информираат дека согласно Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година и одлука на Советот, во текот на 2026 година ќе исплаќа еднократна парична помош во зголемен износ од 15.000 денари за секое семејство со новороденче.

-Право на оваа парична помош имаат семејствата со новороденче родено во периодот од 1 јануари до 31 декември 2026 година, под услов родителите да имаат адреса на живеење на територијата на Крива Паланка.

Мерката претставува позитивен поттик и стимулација за зголемување на наталитетот, како и олеснување на финансиските трошоци поврзани со грижата за новороденчето, велат од општината.

Потребните документи се наведени во барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2026 година на подрачјето на Крива Паланка, достапно на веб страницата на општината: www.krivapalanka.gov.mk.

Мерката за доделување еднократна парична помош за новороденче е воведена во 2022 година, кога изнесуваше 3.000 денари, додека во изминатите години истата е повеќекратно зголемена и оваа календарска година достигна до 15.000 денари. ид/вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан