• петок, 05 декември 2025

Општина Илинден со нови инвестиции во образованието и спортот

Општина Илинден со нови инвестиции во образованието и спортот

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Општина Илинден интензивно работи на изградба на паркинг простор за околу 30 возила во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“. Паркинг просторот зафаќа површина од околу 550 квадратни метри, предвиден е за потребите на училиштето и ќе придонесе за значително подобрување на условите за работа и организираност во сообраќајот околу училиштето.

Како што информираат од општината, дополнително се започнало со изградба и поставување на нова заштитна ограда околу спортскиот комплекс „Драго Маневски“. Во рамки на проектот ќе се извршат бетонски работи и поставување на заштитна ограда во должина од 240 метри, сè со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните кои секојдневно го користат спортскиот простор за тренинг и рекреација.

Увид во градежните активности направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека изградбата на паркинг просторот е во насока на обезбедување на квалитетни услови за функционирање на училиштето, додека пак со изградба на оградата ќе се придонесе за подобување на функционалноста на спортските објкети и спортскта инфрструктфура.

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните и создаваат подобри услови за образование, спорт и рекреација.свс/вј/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан