Општина Зрновци гради локален пат до селото Мородвис, се инвестираат 2,7 милиони денари
- Во општина Зрновци почнаа градежните активности за изградба на локалниот патен правец до месноста Гробишта кај селото Мородвис, за што се инвестираат 2,7 милиони денари.

Кочани, 4 февруари 2025 (МИА) – Во општина Зрновци почнаа градежните активности за изградба на локалниот патен правец до месноста Гробишта кај селото Мородвис, за што се инвестираат 2,7 милиони денари.
Средствата се обезбедени од државниот буџет преку владиниот повик за поддршка на проекти во локалната самоуправа за 2024 година.
Градежната механизација веќе работи на расчистување и пробивање на трасата со должина од 330 метри и ширина од 3,5 метри.
-По 29 години години од постоењето на нашата општина, почна да се гради новиот локален пат во село Мородвис. Со тоа решаваме повеќедецениски горлив проблем за жителите на ова населено место од општина Зрновци, истакна градоначалникот Борчо Коцев.
Паралелно со пробивањето и тампонирањето се поставуваат и одводни цевки за атмосферската вода, а потоа коловозот ќе се асфалтира. та/мд/
фото: МИА