Општина Градско започна градежни активности во село Виничани
- Општина Градско започна со градежните активности за реконструкција на крак 12, во село Виничани, во должина од 150 метри. Средствата за овој крак се обезбедени од општинскиот буџет, информираат од Општина Градско.

Велес, 6 февруари 2025 (МИА) - Општина Градско започна со градежните активности за реконструкција на крак 12, во село Виничани, во должина од 150 метри. Средствата за овој крак се обезбедени од општинскиот буџет, информираат од Општина Градско.
Воедно најавуваат дека во 2025 година ќе има градежни активности и во други населени места.
-Целта ни е подобрување на патната инфраструктура во сите населени места во општината, со што ќе создадеме подобра инфраструктура за подобар живот на сите жители подеднакво, велат од Општина Градско.
Оттаму информираат дека Општината од сопствени средства набавила специјализирано возило за одржување на комуналната инфраструктура. ад/дма/
Фото: Општина Градско