Општина Битола утврди програма за развој на туризам во 2026 година
- Општина Битола утврди програма за развој на туризмот и буџет кој во 2026 година е проектиран на осум милиони денари. Според програмата, главен акцент ќе биде ставен на промотивните активности поврзани со Националниот парк „Пелистер“, реализација на актуелни и изработка на нови студии за развој на туризмот во националниот парк.
Битола, 9 јануари 2026 (МИА) - Општина Битола утврди програма за развој на туризмот и буџет кој во 2026 година е проектиран на осум милиони денари.
Според програмата, главен акцент ќе биде ставен на промотивните активности поврзани со Националниот парк „Пелистер“, реализација на актуелни и изработка на нови студии за развој на туризмот во националниот парк.
Општина Битола во текот на годината ќе ја поддржи работата на здруженија на граѓани кои се посветени на туризмот или проекти кои се фокусирани на развојот на туризмот. За финансирање на активностите на здруженијата на граѓани во програмата издвоени се 500 илјади денари.
Од Одделението за економски развој на Општина Битола посочуваат дека средствата за реализација на програмата ќе бидат обезбедени од надомест за добивање лиценца за угостителска дејност и од комунална такса за привремен престој во градот. мт/дма/
Фото: МИА