• петок, 21 февруари 2025

„Опо“ го најави најтенкиот паметен телефон во индустријата

„Опо“ го најави најтенкиот паметен телефон во индустријата

Донггуан, 20 јануари 2025 (МИА) - Новиот паметен телефон со преклоп на кинеската технолошка компанија „Опо“ (Oppo), наречен „Фајнд Н-5“ (Find N5), ќе биде најтенкиот телефон во историјата воопшто.

Уредот ќе биде познат и како „Уанплус опен 2“ (OnePlus Open 2) на некои пазари. А, како што се наведува, ќе има и најдобра отпорност на вода во својата класа. Менаџерот на серијата, Жоу Јибао, објавувајќи фотографии што ја истакнуваат големината на уредот, рече дека телефонот можеше да се направи уште потенок, но „ограничувањето е во приклучокот за полнење“ т.е. УСБ-Ц влезот што уредот мора да го има.

Така, „Фајнд Н-5“ ќе има дебелина од едвај 4 милиметри. УСБ-влезот е 2,6 мм.

Претходниот преклопен паметен телефон „Фајнд Н-3“ на „Опо“ се среќава и како „Уанплус опен“ на некои пазари. Ознаката „Н-4“ е прескокната затоа што бројот 4 се смета за несреќен во Кина.

Новиот паметен телефон ќе биде претставен во Кина во февруари. Според порталот „Мобајл-инту“ (Мobileinto), цената на основната верзија на телефонот со 12 гигабајти внатрешна меморија и 512 РАМ-меморија, се очекува да биде 1.499 американски долари (околу 1.450 евра).  си/паг/

Фото: Опо

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан