Онер Јакуповски ја презеде функцијата владин повереник на општина Маврово и Ростуше
- Онер Јакуповски, кој во вторникот беше назначен од Владата за повереник, попладнево ја презеде функцијата со што официјално почна со извршување на обврските и раководење со општина Маврово и Ростуше.
Гостивар, 27 ноември 2025 (МИА) – Онер Јакуповски, кој во вторникот беше назначен од Владата за повереник, попладнево ја презеде функцијата со што официјално почна со извршување на обврските и раководење со општина Маврово и Ростуше.
Според информацијата од службата за информирање, Јакуповски најави дека неговиот мандат до избор на градоначалник ќе биде посветен на зголемување на ефикасноста и квалитетот на работа на локалната самоуправа.
- Мојот пристап ќе биде насочен кон анализа на тековната состојба и имплементирање на механизми, кои ќе ја подобрат комуникацијата меѓу администрацијата и граѓаните. Граѓаните на Маврово и Ростуше заслужуваат општина која функционира беспрекорно и која е во состојба ефикасно да ги користи сите расположливи ресурси за рамномерен развој, изјави Јакуповски.

Тој посочи дека примарна цел на активностите е зајакнување на општинските капацитети – административни, технички и човечки ресурси – со цел граѓаните да добијат побрзи, потранспарентни и поквалитетни услуги.
- Со почетокот на работата на повереникот се очекуваат конкретни чекори кон модернизација на општинската служба и нејзино целосно ставање во служба на јавниот интерес, стои во соопштението од општина Маврово и Ростуше.
Јакуповски беше кандидат за градоначалник на последните локални избори поддржан од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. згм/мд/