• петок, 21 февруари 2025

Околу 12 милиони долари би се изгубиле по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

Околу 12 милиони долари би се изгубиле по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Проценките се дека околу 12 милиони долари би се скратиле средствата на невладините организации во земјава и на сите оние кои работеле проекти поддржани од администрацијата на САД по одлуката на новиот американски претседател за замрзнување на програмите за помош во странство. 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека она што го добивале државните институции се експерти кои доаѓале како помош и поддршка за реализација на проекти. 

- Ние сме единствена земја која успеа додека бев во Ваштингтон да договори со поддршка на американската Амбасада да добиеме постојана поддршка на лица оттаму за Министерството за финансии во секој сегмент, рече Димитриеска-Кочоска.

Указот за 90-дневно замрзнување на сите програми на САД за помош во странство Трамп го потпиша на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата. Тој објасни дека ваквите дотации треба да поминат проверка за усогласеност со политичките цели на новата администрација. бак/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан