Одбележана 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и патрониот празник на детската градинка
- СООПШТЕНИЕ- Во општина Илинден одбележана 153-тата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев со два настана. По повод празникот детската градинка „Гоце Делчев“ го одбележа 16-тиот патронен празник.

Скопје, 4 февруари 2025
Во општина Илинден одбележана 153-тата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев со два настана. По повод празникот детската градинка „Гоце Делчев“ го одбележа 16-тиот патронен празник.
Одбележувањето започна во дворот на централниот објект со положување на цвеќе пред бистата на патронот. Свежо цвеќе положија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, директорката Катерина Бојковска и останатите присутни.
Свеченоста продолжи со прекрасно подготвена приредба, пред поголем број гости каде учествуваа повеќе дечиња од и низ песна и игра се потрудија дојтојно да го одбележат патрониот празник и да ја искажат љубовта кон татковината.
Градоначалникот Георгиевски честитајќи им го патрониот празник на вработените, истакна дека градинката „Гоце Делчев“ уште од самото постоење претставува пример и репер за другите како треба да функционира една институција. Ова мислење за детската градинка го делат и граѓаните, односно оние најзасегнатите, а тоа се родителите.
Во рамки на одбележувањето на 153-тата годишнина од граѓањето на Гоце Делчев во дворот на новото подрачно училиште во Илинден беше откриена бистата на патронот на училиштето, каде исто така градоначалникот и директорката положија свежо цвеќе.
Општина Илинден
Одделение за поддршка на Градоначалникот
Фото: Општина Илинден
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.