Објавена книгата „Охридските писатели во книжевната критика“
- Оваа книга е единаесетто издание на едицијата „Охридско книжевно наследство“ и опфаќа избор на дневно-публицистичка и популаризаторска критика за охридските писатели.

Охрид, 1 февруари 2025 (МИА) - Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе книгата „Охридските писатели во книжевната критика“, на авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.
Оваа книга е единаесетто издание на едицијата „Охридско книжевно наследство“ и опфаќа избор на дневно-публицистичка и популаризаторска критика за охридските писатели.
Во неа се нагласува високото место на писателите од охридскиот крај во македонската книжевност. Книгата има 298 страници и е објавена во тираж од 200 некомерцијални примероци.
Промоцијата на изданието „Охридските писатели во книжевната критика“ ќе се одржи во рамки на годинешното издание на манифестацијата „Прличеви беседи“ и тоа на 6 овој месец во Спомен куќата на Григор Прличев. аб/ац/
Фото: илустрација