• среда, 15 мај 2024

Обезбедувач на Дрејк повреден во пукање од автомобил

Обезбедувач на Дрејк повреден во пукање од автомобил

Торонто, 8 мај 2024 (МИА) - Имотот на Дрејк во Торонто, Канада, вчера бил цел на вооружен напад од автомобил. Канадскиот музичар е на безбедно и соработува со полициската истрага којашто сè уште не го открила мотивот.

Полицијата во Торонто во објава на „X“, соопшти дека по пукотниците во градскиот кварт Бридл Пет, еден маж е со „сериозни повреди“ и е пренесен во блиската болница. Се работи за лице од обезбедувањето на вилата.

- Тој стоел пред портите пред резиденцијата кога се случило пукањето. Засега нема познат мотив за пукањето од автомобил. Видеоснимката од безбедносните камери околу куќата на Дрејк се обезбедени и се чини дека пукањето е снимено. Имаме поединци кои очигледно го извршиле пукањето, и се гледаат во возилото. Засега немам опис на возилото или на осомничените. Повторно ќе речам, истрагата е во многу рана фаза, изјави претстаникот на полицијата.

Инаку, периодов се пишуваше за караницата меѓу Дрејк и неговиот колега-рапер Кендрик Ламар. Американецот ги турка своите наводи дека Канаѓанецот, наводно, е сексуален напасник и тоа ја прави кавгата сѐ пожестока. Полицијата сѐ уште не потврдува можна поврзаност.  си/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан