Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка - Деве Баир
- Од утрово од 06:40 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е нормализиран, соопшти АМСМ.
Скопје, 23 ноември 2025 (МИА) - Од утрово од 06:40 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е нормализиран, соопшти АМСМ.
Претходно, од 05:05 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир беше во прекин поради одрон.
АМСМ додава дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози и потсетува дека од 15 ноември почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. нд/
Фото: МИА архива