• четврток, 25 декември 2025

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје, облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од петок ќе има стабилизирање на времето. Во деновите од викендот, а особено во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и студени со утрински температури кои насекаде бидат под нулата. нд/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан