• четврток, 25 декември 2025

Без вода делови од општините Аеродром и Центар

Без вода делови од општините Аеродром и Центар

Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Без вода за пиење во текот на денов ќе бидат дел од корисниците во општините Аеродром и Центар, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била добиена информација дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисници на делови од „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“ во општина Центар. Како што се појаснува во соопштението, причината е поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата од „Тодор Александров“ и „Периша Савелиќ“.

Додека поради изведување водоводен приклучок на улицата „Абдул Фрашери“, прекинато водоснабдување ќе имале корисниците од улиците „1611“, „1612“, „1613“, „1614“, „1615“ и „1616“ во општина Аеродром.

Прекинот во водоснабдувањето е најавено од девет часот па сè до завршување со работните активности. бд/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан