Нов лифт за подобрување на условите за учениците со посебни образовни потреби во деветолетката „Ванчо Китанов“ во Пехчево
- Во пехчевската деветолетка „Ванчо Китанов" денеска беше пуштен во употреба новиот лифт за подобрување на условите за учениците со посебни образовни потреби. Како што истакна директорката на училиштето Добрила Јовевска лифтот е направен од сопствениот буџет на училиштето, а инвестицијата претставува доказ за посветеноста на училиштето во насока на поддршка на учениците со посебни образовни потреби, покажувајќи дека секој ученик е подеднакво важен.

Пехчево, 24 јануари 2025 (МИА) - Во пехчевската деветолетка „Ванчо Китанов" денеска беше пуштен во употреба новиот лифт за подобрување на условите за учениците со посебни образовни потреби. Како што истакна директорката на училиштето Добрила Јовевска лифтот е направен од сопствениот буџет на училиштето, а инвестицијата претставува доказ за посветеноста на училиштето во насока на поддршка на учениците со посебни образовни потреби, покажувајќи дека секој ученик е подеднакво важен.
- Оваа инвестиција е уште еден доказ дека сме посветени на создавање модерно и инклузивно училиште, каде секој ученик ќе има еднаква можност да се развива и напредува. Пуштањето во употреба на лифтот претставува значаен дел од нашиот постојан ангажман за подобрување на условите за учениците со посебни образовни потреби. Со тоа покажуваме дека инклузијата не е само збор, туку дело што сите заедно го поддржуваме. Таа е наша заедничка обврска, истакна Јовевска
Според градоначалникот на Пехчево, Александар Китански ова е прво училиште во општините од крајниот исток кое добива ваков лифт.
- Општина Пехчево се вбројува во малкуте општини каде во општинските основни училишта се унапредуваат и подобруваат условите за учениците со посебни образовни потреби. Имено во ООУ „Ванчо Китанов„ - Пехчево се инсталира лифт за да може да им се обезбеди полесна комуникација и мобилност на децата ученици со посебни образовни потреби за подобро следење на наставата и непречено движење, додаде Китански.
Тој нагласи дека секој ученик заслужува можност да го достигне својот потенцијал во средина која ги почитува и поддржува неговите потреби. вс/цр
Фото: МИА