• недела, 11 јануари 2026

Недев ќе одржи ИТКФ семинар во Париз

Недев ќе одржи ИТКФ семинар во Париз

Париз, 20 декември 2025 (МИА) – Македонскиот каратист Дејан Недев викендов ќе одржи ИТКФ карате семинар во главниот град на Франција. 

Семинарот се организира на покана на Француската федерација за традиционално карате и претставува значаен меѓународен настан во рамки на ИТКФ.

- Овој семинар е продолжение на традицијата на врвни семинари кои во минатото беа организирани под водство на основачот на ИТКФ и легендарниот карате мајстор Хидетака Нишијама. Дејан Недев долги години беше негов близок соработник и асистент, а денес ја продолжува неговата мисија, активно придонесувајќи за развојот и ширењето на традиционалното карате ширум светот, соопшти МТКФ.

Организацијата на овој семинар во Париз уште еднаш ја потврдува меѓународната репутација на Дејан Недев и неговиот континуиран придонес кон зачувувањето на автентичните вредности на традиционалното карате. зс/

Фото: МТКФ

Остани поврзан