Неверојатно откритие од НАСА: За две години светот ќе сопре
- Земјата ќе биде покриена со целосна темнина, и тоа во траење од неверојатни 6 минути и 23 секунди
Хјустон,10 декември 2025 (МИА) - На 2 август 2027 година небото ќе ни приреди неверојатно доживување. Земјата ќе биде покриена со целосна темнина, и тоа во траење од неверојатни 6 минути и 23 секунди. Тоа ќе биде најдолгото целосно сончево затемнување во последните сто години, официјално потврди НАСА.
Ова затемнување што треба да се случи во 2027 година, со својата посебност, на волшебен начин ќе го надмине и затемнувањето кое во април 2024 го покри небото на Северна Америка, а траеше само 4 минути и 28 секунди, додека пак затемнувањето што треба да се случи во Шпанија во 2026 ќе трае само 1 минута и 43 секунди.
Според НАСА, целосна темнина најпрво ќе ги опфати Мароко и Јужна Шпанија, потоа ќе продолжи кон Алжир, Тунис, Либија, Египет и Саудиска Арабија, завршувајќи во Јемен и крајбрежниот дел на Сомалија.
Најдолго затемнување ќе се почувствува во Египет, особено во Луксор и Асуан – древни градови со илјадници години историја, кои ќе бидат сведоци на „затемнување на векот“.
НАСА потенцира дека сончевото затемнување нема никакво влијание врз здравјето, времето или функционирањето на планетата. Станува збор за спектакл што едноставно не смее да се пропушти. Всушност, тоа е сосема природна и предвидлива астрономска појава, слична на оние што се случуваат и на други небесни тела, вклучувајќи го Марс и Месечината.
Во текот на овој век ќе се случат само неколку слични затемнувања, оддалечени со децении, но затемнувањето во 2027 година ќе биде најдолгото затемнување досега. мв/ссм/
Фото: МИА архива