• среда, 10 декември 2025
Ролат со праз и печурки

 

                 Одличен посен ролат.

 

        Состојки:

  • 500 грама кори за пита
  • 400 грама печурки
  • 200 грама праз
  • 200 грама кечап
  • 4 лажици сенф
  • 0,5 дл масло за динстање праз
  • 1 чаша кисела вода
  • масло, сол, бибер, сув зеленчук, оригано, босилек

 

Подготовка:


 Исецкајте ги ситно празот и печурките. Пржете го празот во масло, потоа додадете ги печурките. Динстајте заедно околу десет до петнаесет минути. Додадете сол, бибер и сув зеленчук. Поделете ги корите на два дела. Додадете малку масло и сол во киселата вода. Ставете една кора на работната површина, испрскајте ја со вода и масло, потоа ставете ја втората кора и повторно испрскајте ја, ставете ја третата кора и премачкајте ја со сенф, наросете со оригано и босилек. Ставете ја четвртата кора, испрскајте ја и премачкајте ја со кечап. Испрскајте ја петтата кора и додадете четвртина од печурките и празот. Шестата кора се посипува и премачкува со комбинација од сенф и кечап и зачини... седмата кора со печурките и празот. Повторете ја истата постапка со остатокот од корите. Печете во загреана рерна околу дваесет минути... и по можност послужете топло.

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан