• вторник, 09 декември 2025
Гурабии со бадеми

Гурабиите се едни од најомилените домашни колачиња – кревки, миризливи и совршени покрај шолја кафе или чај. Оваа варијанта со лешници им дава уште побогат вкус и убава структура. Подготовката е едноставна.

 Состојки:

  • 250 грама путер
  • 150 грама шеќер во прав
  • 100 грама сечкани бадеми
  • 350–400 грама брашно
  • шеќер во прав за валкање

 
Подготовка:
Во длабок сад изматете го путерот со шеќерот во прав. Додадете ги сечканите бадеми и постепено додавајте брашно. На почетокот смесата може да изгледа суво, но со топлината од рацете полека ќе се оформи компактно тесто. Количината на брашно може да варира, па можно е да не се искористи целосно.

Од тестото развлечете кора со дебелина околу 2 см. Со модла или чаша сечете кругови, па одземете со модлата и мал дел од кругот, за да личат на месечинки и распоредете ги на хартија за печење во плех. Печете ги на тивка температура, околу 170°C, додека не добијат бледожолта боја.

Оставете ги гурабиите целосно да се изладат, па валкајте ги во шеќер во прав.

 

 

Фото: Фрипик

Тагови

Остани поврзан