• четврток, 11 декември 2025

Во Летонија станува популарно изнајмувањето „маж на час“ за поправки и домашни задачи

Во Летонија станува популарно изнајмувањето „маж на час“ за поправки и домашни задачи

Латвија, 10 декември 2025 (МИА) -  Поради недостиг на мажи во Летонија сè повеќе жени се одлучуваат да изнајмат „маж на еден час“ за извршување на домашните работи. 

Според извештајот на Евростат во оваа држава има повеќе жени од мажи, а пак според „Ворлд Атлас“ тие се постари од 65 години.

- Не гледам ништо лошо во тоа, но за позабавен живот, би сакала да има повеќе мажи со кои би можела да се дружам, па и да флертувам. Многу мои пријателки ја напуштија земјата по потрага по соодветен партнер, изјави Данија.

Данија не е единствената која се одлучува на таков чекор. Сè повеќе жени изнајмуваат „мажи на еден час“ за извршување на домашните работи како што се: варосување, монтажа на телевизори, местење и поправање на завеси. 

Една од платформите каде што можат да изнајмат „маж на еден час“ е и платформата „Remontdarbi.lv“. мв/ми/

Фото: Создадено со ВИ

Остани поврзан