• четврток, 11 декември 2025

„Амазон“ и „Мајкрософт“ вложуваат 45 милијарди евра за ВИ-центри во Индија

„Амазон“ и „Мајкрософт“ вложуваат 45 милијарди евра за ВИ-центри во Индија

Лос Анџелес, 10 декември 2025 (МИА) - Технолошките гиганти „Амазон“ и „Мајкрософт“ објавија заеднички инвестициски план од 52,5 милијарди американски долари (околу 45 милијарди евра) за Индија во наредните години. Целта е, пред сѐ - да се унапреди дигитализацијата водена од вештачка интелигенција.

„Амазон“ ќе вложи 30 милијарди евра до 2030 година, што може да го зголеми извозот во Индија и да создаде нови работни места. Таа инвестиција е продолжение на 40-те милијарди долари (околу 34,4 милијарди евра), па севкупно, оваа американска компанија е најголем странски инвеститор во Индија. Ден претходно, и „Мајкрософт“ се обврза да инвестира 15 милијарди евра за зајакнување на екосистемот на ВИ во земјата. „Мајкрософт“ претходно објави и одделна инвестиција од 2,6 милијарди евра. 

Индија важи за новото средиште за инфраструктура за ВИ, и продолжува со растот на технолошки инвестиции од светските компании. Во октомври, „Гугл“ објави инвестиција од 12,9 милијарди евра за изградба на ВИ-центар за податоци, а неделава и „Интел“ објави партнерство со компанија со седиште во Мумбаи како свој прв голем клиент, во рамките на планот на конгломератот за производство на полупроводници, вреден 12 милијарди евра.

- Кога станува збор за вештачка интелигенција, светот е оптимист за Индија, изјави индискиот премиер Нарендра Моди по состанокот вчера, со извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела.

Во своето соопштение, „Мајкрософт“ наведе дека, поддржувајќи околу 310 милиони неформални работници, целта е ВИ-интеграција во платформите на Индиската влада.

Најавите доаѓаат во време кога Индија ги засилува своите активности за производство на полупроводници, со неколку владини и приватни проекти насочени кон изградбата на домашна индустрија за производство на чипови. Се очекува индискиот модел на вештачка интелигенција да биде претставен во февруари претстојната 2026 година.  си/ссм/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан