• петок, 15 мај 2026

Најмалку осум луѓе загинаа во израелски напад во Либан

Најмалку осум луѓе загинаа во израелски напад во Либан

Бејрут, 13 мај 2026 (МИА) – Во израелски напад со дронови јужно од Бејрут загинаа осум луѓе, меѓу кои и една жена и нејзините две деца, соопшти Министерството за здравство на Либан.

Нападот е извршен врз три возила на главниот автопат јужно од главниот град, само неколку часа откако локалните жители биле предупредени од израелската армија да се евакуираат.

Либан и Израел предвидено е утре да одржат уште еден круг директни разговори во Вашингтон. ми/јт/

фото: МИА архива

Остани поврзан