• петок, 21 февруари 2025

Најмалку 28 повредени откако автомобил удри во толпа во Минхен, возачот е уапсен

Најмалку 28 повредени откако автомобил удри во толпа во Минхен, возачот е уапсен

Минхен, 13 февруари 2025 (МИА) - Најмалку 28 лица, од кои неколку потешко, се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен. Како што пренесува „Билд“, неколку лица, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба.

Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач го забрзал својот автомобил, а потоа влетал во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.

Полициската истрага сега треба да разјасни дали возачот намерно влетал во толпата или случајно ја притиснал педалата за гас наместо сопирачката, пишува „Билд“.

Возачот е уапсен и, како што наведува полицијата, не претставува опасност за околината. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан