• петок, 05 декември 2025

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Според најавит еод Управата з ахидрометоеролошки работи (УХМР, утре и в четврток во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови, па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан