• петок, 05 декември 2025

Национален форум и Саем на граѓански организации во Клубот на пратениците

Национален форум и Саем на граѓански организации во Клубот на пратениците

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во Клубот на пратениците во Скопје денеска ќе се одржи Националниот форум на Цивика мобилитас и Саемот на граѓански организации под мотото „Соработка помеѓу Владата и граѓанското општество“.

Настанот се организира во партнерство со Владата, а Форумот ќе го отвори амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Сомер. 

Од МЦМС информираат дека главни говорници ќе бидат премиерот Христијан Мицкоски, Александар Кржаловски – директор на МЦМС и лидер на тимот на Цивика мобилитас, како и генералениот секретар на Владата Игор Јанушев.

Во рамки на дебатите ќе учествуваат министри, заменици министри, претставници на локалната самоуправа и раководители на сектори од повеќе ресори, заедно со граѓански организации. Ќе се дискутира за образованието, локалната самоуправа, дигиталната трансформација, социјалната политика, здравството, животната средина и финансиските реформи.

Со претставниците на граѓанските организации ќе дебатираат министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за локална самоуправа Златко Перински, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски,  заменик-претседателот на Владата за добро владеење Арбен Фетаи, заменик-министерот за социјална политика демографија и млади Ѓоко Велковски,  заменик-министер за здравство Јовица Андовски и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

На сесија посветена на локалната самоуправа, заедно со министерот Перински, ќе зборуваат и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова и градоначалникот на Дебар Фисник Меља.бк/са/

Фото: МИА

Остани поврзан