Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
- Слаби врнежи од снег има на патните правци Пехчево-Обозна-Берово и Суви Лаки, кој во мометов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража-Ѓавато и Крушево, информира ЈП „Македонијапат“.
Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Слаби врнежи од снег има на патните правци Пехчево-Обозна-Берово и Суви Лаки, кој во мометов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража-Ѓавато и Крушево, информира ЈП „Македонијапат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. мд/вј/
Фото: МИА архива