Намалена видливост поради магла во Тетово, Битола и Прилеп
- Намалена видливост до 50 метри поради магла има на патните правци во Тетово, Битола и Прилеп. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Намалена видливост до 50 метри поради магла има на патните правци во Тетово, Битола и Прилеп. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Од Авто мото сојузот на Македонија утринава информираат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/
Фото: МИА архива