• петок, 02 јануари 2026

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Републикава, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто-школи.

-При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи што преставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, се наведува во соопштението од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Од Комисијата посочуваат дека ќе продолжат со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти и доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот.

Комисијата останува посветена на заштита на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите. дма/вј/

Фото: КЗК



Остани поврзан