Набавени компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода
- Општина Кисела Вода денеска информираше дека се набавени компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес.
Скопје, 9 јануари 2026 (МИА) - Општина Кисела Вода денеска информираше дека се набавени компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес.

-Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини, наведуваат од Општината.
Со оваа инвестиција, додаваат оттаму, Општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците.

-Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјавила градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. ац/дма/
Фото: Општина Кисела Вода