• недела, 11 јануари 2026

Мустафа повторно избран за претседател на Меѓународната ракометна федерација

Мустафа повторно избран за претседател на Меѓународната ракометна федерација

Каиро, 21 декември 2025 (МИА) - Египќанецот Хасан Мустафа е повторно избран за претседател на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Точно 73% од гласачите ја поддржаа кандидатурата на 81-годишниот Мустафа.

Противкандидати на Мустафа му беа Словенецот Бобинац, Германецот Буцек и Холанѓанецот Де Ланге.

Реизборот на Мустафа го поздрави и РФМ

„Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки и посакува успешна соработка и уште поголем развој на македонскиот и светскиот ракомет, стои во честитката.

Мустафа е претседател на Светската ракометна федерација (ИХФ) од 2000 година. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан