• сабота, 22 февруари 2025

Мицотакис: Правдата е онаа која ќе суди и одлучува за железничката несреќа кај Темпи

Мицотакис: Правдата е онаа која ќе суди и одлучува за железничката несреќа кај Темпи

Атина, 31 јануари 2025 (МИА) – Правдата е онаа која ќе суди и одлучува, а како што многупати кажав, Владата и владејачкото мнозинство остануваат подготвени во секое време да ги формулираат своите ставови во Парламентот, а секако и во општеството, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, осврнувајќи се на железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.

По масовните протести во неделата, Мицотакис рече дека „завршува тешката недела , обележана со трагедијата кај Темпи“, дека „истрагата е во завршна фаза за многу големата национална траума“, посочи дека за Владата, моменталната ситуација „повлекува само една должност: интензивирање на работата и производството на опиплива дела“ и нагласи дека „ова не е прв пат да наидат на бранувања“.

Истакна дека Владата има должност да продолжи со работата и со интензивиран ритам, но и дека паралелно „во време на налет на популизмот треба да ги бранат достигнувањата на политичката стабилност“.

- Затоа што едно е барањето причини за националната драма, а друго е трансформирањето во евтина партиска алатка. Прават многу голема грешка сите оние кои сметаат дека апсолутно разумното барање за вистина и правда ќе го трансформираат исклучиво во барање кое е антивладино, рече Мицотакис.

Железничката несреќа кај Темпи што се случи на 28 февруари 2023 година и загинаа 57 лица, во изминатиот период е главна тема во Грција, откако во јавноста беа објавени нови информации, по што во неделата беа организирани масовни протести. ср/ссм/

Остани поврзан