Мицотакис: Нулта толеранција за насилството врз жените
- Досега, 20.000 пријави за случаи на малтретирање доведоа до 13.000 апсења. Значи, жените ѝ веруваат на државата и се спротивставуваат. Но, само репресијата не е доволна. Особено денес, кога насилството, за жал, се шири и во дигиталната сфера со различни форми на вознемирување. Често анонимно. Но, секогаш болно, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук по повод Меѓународниот ден против насилството врз жените, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 25 ноември 2025 (МИА) – Досега, 20.000 пријави за случаи на малтретирање доведоа до 13.000 апсења. Значи, жените ѝ веруваат на државата и се спротивставуваат. Но, само репресијата не е доволна. Особено денес, кога насилството, за жал, се шири и во дигиталната сфера со различни форми на вознемирување. Често анонимно. Но, секогаш болно, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук по повод Меѓународниот ден против насилството врз жените, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис посочи државата реагира со 63 канцеларии за справување со семејно насилство, со обучени полицајци, со 44 советодавни центри и 20 прифатилишта за жртвите, со линија за советување, како и со апликацијата Panic Button, инсталирана на стотици мобилни телефони на жртви низ целата земја.
-Нашата цел е силна мрежа за заштита во коренот и јадрото на општеството. Во семејството, во училиштето и во соседството. Со меѓусебното почитување како модел. Но, пред сè, со нулта толеранција кон секој што ги потценува жените. Станува збор за трајна обврска што нè засега сите нас. Бидејќи насилството никогаш не е приватен случај, напиша Мицотакис. ср/јт/
Фото: Фб- Кирјакос Мицотакис