МИА Општински пул
- 5 февруари 2025

5 февруари 2025
Крива Паланка - Со буџет во износ од 29.000.000 денари одобрени преку Министерството социјална политика, демографија и млади, и оваа година стотина стари изнемоштени лица од Општина Крива Паланка ќе ја користат социјалната услуга за нега и грижа во домот од страна на негуватели од „Нега центар“ при Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка.
Информацијата ја сподели градоначалникот на Крива Паланка на вчерашната средба со четириесетте негувателки и одговорните од Црвен крст од градот, кои се даватели на услугата истакнувајќи дека оваа услуга прерасна во препознатлив социјален сервис на стари, осамени и изнемоштени лица од општината кои добиваат професионална нега и грижа во нивните домови.
Скопје - Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, а без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода.
Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат објектите во кругот на поранешниот стопански објект на „Велурфлок“ во населбата Хром, општина Ѓорче Перов. Од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улиците „Алберт Станиќ“, „Азем Хајдари“ и „Прохор Пчински, општина Чаир, а од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од викендиците на Побожје, општина Чучер Сандево.
Скопје - Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ја поздрави одлуката на премиерот Христијан Мицкоски за реализирање на историски најголемата инвестиција од централната власт во општините во вредност од 15 милијарди денари. Тој истакна дека ова претставува значаен чекор напред во поддршката на локалната самоуправа, што директно ќе влијае на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Средствата ќе бидат наменети за изградба на капитални проекти, како што се училишта, градинки, паркови, водоводни и канализациски мрежи, со што ќе се решаваат долгогодишни проблеми во општините низ државата.
Следната недела ќе биде објавен вториот јавен повик, што ќе им овозможи на општините да аплицираат за нови проекти, надоврзувајќи се на првиот повик, при кој беа одобрени 288 проекти за 78 општини во вредност од над 73 милиони евра.
Скопје - Делчевската полиција вчера во 13.40 часот на место викано Брежјето во Делчево, го лишила од слобода С.Д.(58) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Како што информира МВР, околу 12.52 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на местото настанал пожар на трева, грмушки и ниска шума. Полициски службеници на местото го затекнале С.Д., кој изјавил дека тој го предизвикал пожарот, односно дека сакал само да ја запали тревата на неговата нива, но пожарот излегол од контрола.
Скопје - ЈП Комунална хигиена-Скопје ја демантира изјавата на градоначалникот на општината Центар, каде што се наведени невистинити информации поврзани со активностите на Претпријатието во оваа скопска општина.
Би сакале да напоменеме дека одржувањето на хигиената околу пазарот Буњаковец не е и никогаш не било во надлежност на ЈП Комунална хигиена Скопје, исто како и сервисните улици во општината. Хигиената на споменатите локации е во надлежност токму на општина Центар, затоа Герасимовски кој не може да се пофали со ниту еден посериозен проект во Центар, се обидува за својата неспособност за одржување на јавната чистота во Центар да бара друг одговорен.